Националниот Фронт бара заем од 27 милиони евра од Русија

Националниот Фронт (НФ) бара заем од 27 милиони евра од руските банки, изјави благајникот на партијата на крајната десница, Валеран де Сант-Жуст. Овие средства би биле наменети за финансирање на предизборната кампања за претседателските избори во 2017 година, јавува дописникот на МИА од Париз.
Информацијата беше прво објавена на француското приватно радио Еуроп1, според која партијата на Марин Ле Пен има потреба од 12 милиони евра за финансирање на претседателските и 15 за парламентраните избори во 2017 година, за што има намера да се сврти повторно кон Русија.
Француските банки не се многу расположени да му позајмуваат на НФ, но по одбивањето на сметките на кампањата на Никола Саркози тие станаа позатворени за финансрањето на политичките партии воопшто.
НФ веќе има добиено кредит од девет милиони евра во 2014 година од Русија, што предизвика полемика во Франција, запрашувајќи се што добива за возврат поради оваа помош.
- Владимир Путин ве финансира, бидејќи вие сте пион во неговата стратегија за распаѓање на Европа, нападна првиот секретар на Социјалистичката партија, Жан-Кристоф Камбаделис.
Во тој момент Марин Ле Пен го објави писмото со кое француските банки одбиваат да и позајмат на нејзината партија, нагласувајќи дека помошта од Русија не влијае врз нејзината политика.
Ново на Сител
-

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради најавениот меморијал на хероите во Киев
-

Мисајловски: Со развој на воена индустрија, дел од парите што ги одвојуваме за одбрана би можеле да останат во македонски компании
-

Ставен под контрола пожарот на Жеден
-

Трамп: Иран доживува целосен колапс
-

Вчера констатирани 140 прекршоци, осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли
-

Во одредени делови од земјата појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи
-

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден
-

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент
