Националната платформа за он лајн учење падна уште првиот ден
На три дена пред стартот на учебната година националната платформа за учење од далечина која викендов министерството за образование ја пушти во употреба не функционира. Од утрово има бројни реакции на ученици, родители и наставници преки социјалните мрежи кои велат дека имаат проблем при логирањето на платформата. Оние пак кои ќе успеат да влезат за кусо време го имаат истиот проблем. Засега нема официлајен став од министерството за образование за каков проблем се работи.
Од министерството викендов до сите ученици испратија кориснички и миња и лозинки за приклучување кон платформата која овие денови треба да се тестира пред официјалниот старт на учебната година на 1 октомври.
учениците од 1 до 3 одделение ќе посетуваат настава со физичко присуство додека останатите ќе учат од дома. Владата денеска соопшти дека е приширената листата на училишта кои може да организираат настава со физичко присуство за ученици над 4 одделение. Шест члена комисија по разгледување на сите пристигнати барања, одлуши да даде согласност настава со физично присуство да се организира во 223 основни училишта, едно државно училиште за ученици со посебни потреби и едно државно музичко училиште.
За децата коишто немаат уреди за онлајн следење, ќе се емитуваат 15-минутни часови на телевизија преку националниот сервис, а ќе се доставуваат и печатени материјали и наставниците да бидат во постојана комуникација со нив за да го следат напредокот во учењето.
Ново на Сител
-
Неизвесен стартот и површините кои треба да бидат посеани со ориз
-
Објавен повикот за млади земјоделици - државата дава 10.000 евра
-
Кичевчани стравуваат за своето здравје - депонијата ги гуши
-
Со 2,1 милион денари ќе зацврстува иконостасот во црквата Свето Благовештение во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Чомовски, новинар
-
На лекување во странство остануваат 48 повредени во пожарот во дискотеката во кочани
-
Протест во Кочани