Национална конференција на сиромашни и социјално исклучени лица
Македонската платформа против сиромаштијата денеска ја организира шестата национална конференција на сиромашни и социјално исклучени лица насловена „Работа, колку да не е без ич...“
Оваа година конференцијата е посветена на вработените, а сиромашни граѓани. Фокусот на дискусијата ќе биде да се надмине и прошири традиционално прифатениот концепт дека сиромашни се само оние кои немаат работа и оние кои имаат ниски плати. Освен за нив, ќе стане збор и за лицата кои работат, но не се пријавени (сива економија), несигурните вработување (со договори на краток рок, сезонски или хонорарен ангажман) и оние кои се единствените вработени во побројни семејства. Ќе бидат опфатени и работничките права, но и безбедноста и сигурноста на работните места.
Целта на овие конференции е да овозможат да се слушне гласот на лицата кои живеат во сиромаштија или се социјално исклучени и им даваат можност своите проблеми и потреби лично да ги презентираат пред владини и невладини преставници. Преку ваквиот начин на работа се промовира активно учество и вклучување на овие лица во демократска дебата која треба да даде решенија за поквалитетен живот на сите граѓани.
Ново на Сител
-
Фросина Кулакова е 22-годишната девојка усмртена кај „Силбо“
-
74-годишник со остар предмет се заканувал на соседи во Карпош
-
Поведена дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Скопје и еден јавен обвинител од истото обвинителство
-
Таравари: Жалам што за скандалот со Онкологија нема судски епилог
-
Нови 1.878 случаи на грип, вирусот најактивен во Кавадарци и Дебар
-
Општина Велес и годинава продолжува со исплата за новороденче по 3000 денари
-
Анкета на КСПС: Граѓаните ги оценија судските услуги со 3,1
-
Во источна Турција измерени минус 34 степени Целзиусови