Началникот на Вооружените сили на Чешка во посета на караулата „Богородица“ и на Криволак

Делегацијата на Вооружените сили (ВС) на Чешката република предводена од генерал Јозеф Бечвар, заедно со началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски денеска ја посетија јужната граница на Република Македонија и Армискиот полигон „Криволак“.
Како што соопшти АРМ, при посетата на „Криволак“ од страна на припадници од полкот за специјални намени била изведена тактичко показна вежба во еден од капацитетите наменети за обука во урбана средина, а воедно се презентираа можностите на полигонот за изведување на специфична воена обука.
- Армиската делегација на Чешките ВС со особен интерес ги проследи презентираните капацитети на АП Криволак, при што ја оценија како одлична понудената можност за изведување на заедничка обука на овој специфичен армиски полигон кој овозможува услови за изведување на обука во речиси реални теренски услови какви се среќаваат при учеството во мировните мисии, се истакнува во соопштението.
Во реонот на караулата „Богородица“ делегацијата била запознаена со севкупната ситуација на јужната граница, при што биле презентирани тактичките мерки и процедури кои ги спроведува АРМ, согласно доделените задачи за непрекинато обезбедување на државната граница и спречување на нелегални минувања.
Дводневната официјалната посета од страна на армиската делегација на чешките Вооружени сили, како што се наведува во соопштението, е особено значајна за Армијата на Република Македонија не само поради понатамошното интензивирање на меѓусебната армиска соработка, туку и од истакнатата поддршка за прием на АРМ во полнопрано членство во НАТО воениот сојуз.
Ново на Сител
-

Сопствениците на „Констелејшн“ на суд поради пожарот во барот во Кран - Монтана
-

Тројца кавадарчани приведени за семејно насилство и закани во еден ден
-

Од утре попладне снег насекаде во државава, од следната седмица многу студени утра и дневни температури под нула
-

Двајца 30-годишници пронајдени мртви во викендица во гостиварско
-

Тешко повреден пешак кај ТЦ „Беверли Хилс“, возачот во бегство | ФОТО
-

Семејството на трагично загинатиот Стивен Ивановски во Кран-Монтана бара донации за погребални трошоци
-

Средното стручно образование сè попривлечно, континуиран раст на буџетот за наука
-

Лажен доктор измамил 77-годишен виничанец за сума од над 430.000 денари
