Началникот на ГШ на Чешка Бечвар во посета на Македонија

Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Чешката Република, генерал Јозеф Бечвар, од денеска престојува во дводневна посета на Република Македонија.
Делегацијата на Вооружените сили на Чешка ќе биде пречекана со високи воени почести од началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Методија Величковски.
Главни теми на официјалната средба ќе бидат трансформацијата и структурата на АРМ, учество на АРМ во операции за поддршка на мирот, безбедносната ситуација во регионот со осврт на мигрантската криза, тековната состојба како и унапредување на билатералната соработка.
Во рамки на посетата генералот Јозеф Бечвар ќе биде примен и од претседателот и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов, а делегацијата ќе ги посети армискиот полигон Криволак и караулата Богородица на јужната граница, каде ќе се одржи заеднички брифинг со припадници на безбедносните сили на Чешка ангажирани во справувањето со бегалската криза, соопшти ГШ на АРМ.
Ново на Сител
-

Алиу: Отворен Центар за третман на дебелина кај децата на Детската клиника
-

Ѓорѓиевски: Темелна реконструкција на улица „Загребска“ и изградба на потпорен ѕид
-

Над 16 илјади казни за еден месец, најмногу за брзо возење, одземени 238 возила
-

Средношколци со социјален танц-театар пред Собранието повикаа на поголема заштита од врсничко насилство
-

Судење за „Онкологија“: Препишувањето неделотворни лекарства довело до штета на буџетот
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари по литар - бензините поскапуваат за 0,50 денари по литар
-

Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
-

Потребата од згрижувачки семејства е постојана, неопходно е да се зголеми свеста за оваа хумана мисија
