Македонија
16. August 2019 - 8:13

Началникот на ГШ на бугарската армија во посета на Скопје

Висока делегација на Вооружените сили на Република Бугарија, предводена од началникот на Генералштабот, генерал Андреј Боцев, од денеска е во тридневна официјална посета на Република Северна Македонија.

Генералот Боцев, како што е најавено, денеска во Министерството за одбрана и во Генералштабот ќе оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана Радмила
Шекеринска.

Во текот на денот, генералот Боцев ќе биде примен и од претседателот Стево Пендаровски.

Главни теми на средбата ќе бидат унапредување на билатералната воена соработка, трансформација на Армијата на Република Северна Македонија и искуствата од учеството во меѓународните мисии за поддршка на мирот.

Во текот на посетата делегацијата на бугарските Вооружени сили, ќе посети дел од командите и единиците на Армијата, каде ќе се запознае со нивната мисијата, задачи и обука, а ќе присуствува и на централната прослава на Денот на Армијата во Охрид.