-->
-->
Набавиле кокаин и херион па го препакувале во угостителски објект во Охрид за препродажба
-->
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Р.(54) и С.Н.(56), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Првопријавениот набавил кокаин и хероин и заедно со второпријавениот во угостителски објект во Охрид, сопственост на првопријавениот, ги препакувале и вршеле продажба на подрачјето на Охрид. При претрес во објектот биле пронајдени дигитална вага со остатоци од хероин и кокаин и дробилка со остатоци од марихуана, информираа од полицијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Курти поднесе оставка
-
Извештај на Омбудсманот за човековите права: Најмногу поплаки од проблемот со пасошите
-
ЦУК алармира за две отворени шахти во општина Аеродром
-
Издавала регистарски таблици без наплата - Кривична за референт од Куманово
-
Три бронзени бисти украдени од гробиштата „Бутел“
-
Во Турција уапсени 234 лица во меѓународна операција против организираниот криминал
-
Запознајте ја Зора, млада здрава женка балкански рис тешка 15,5 кг. | ВИДЕО
-
Сопружници измамени за 824.000 денари - очекувале да добијат стан