Македонија
10. July 2015 - 20:38
На здравје Прилеп!!!
На повеќе од 30 штандови, од 16 до 19 јули, ќе бидат понудени над 50 видови пиво, комбинирани со надалеку прочуената прилепска скара, во рамките на годинашното 13-то по ред издание на балканската манифестација “Пивофест”.
Градот-домаќин максимално е подготвен од сите аспекти: сместувачки, забавни, безбедносни.Организаторите ветуваат многу новини, но и натпревари со богати награди за очекуваните 400 илјади посетители.
Годинашниот вкупен Буџет на “Пивофест” изнесува 150 илјади евра. За време на фестивалскиот викенд, МЖ ќе пуштат и вонредни линии од Скопје и Битола - до и од Прилеп. Водители на годинашниот “Пивофест” се атрактивната лото-девојка Марјана и младиот шоумен Жаре кои веќе ги изготвија и рекламните флаери за пивската фешта - “На здравје Прилеп”
-

Каролина Дурло
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
