-->
-->
На возачот му се блокираше воланот, му помагав да го исправи но не можевме
-->
Воланот на автобусот се блокирал, а некој од патниците се обидувал да му помогне да го задржи правецот, дознава 24 Инфо од местото на несреќата. Таму утрово се врати еден од патниците на автобусот на „Дурмо турс“, откако вчера поминал со полесни повреди.
Според него, најмногу настрадале патниците кои биле во задниот дел од автобусот и нив не им имало спас.
- Не знам што се случи. Бев на третото седиштето и станав кога почнал да се тресе автобусот. Мислев дека на возачот му се слошило, но беше добар и се обидуваше да го исправи автобусотот откако изгуби контрола, но му се блокиралше воланот. Се се случи многу брзо, се обидов да му помогнам и заедно го вртевме воланот, но не успеавме. Кога сфатив дека е доцна само се фатив за нешто за да не летнам и тоа беше се, раскажа патникот Бејтула Муриу врaботен во министерството за економија.
Први дотрчале жителите на околните куќи, меѓу нив беше и човекот, кој ја извадил патничката кој подоцна почина во болница. И тој беше премногу потресен за да раскаже детално што се случило.
Освен селаните, на настраданите им помагале и патници кои во моментот возеле по автопатот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Црвен крст и МВР ќе потпишат Меморандум за соработка
-
Украина се повлекува од договорот за забрана на противпешадиски мини
-
Се уште гори на две локации - во Велешко и кај Македонски Брод, пожарот кај Дојран ставен под контрола
-
Пентагон повлекува 2.000 припадници на Националната гарда од Лос Анџелес
-
Почнува изградбата на Ветерниот парк Штип, инвестиција вредна над 500 милиони долари
-
Во ЕУ има двојно повеќе семејства со домашни миленици отколку со деца
-
Трамп: Наскоро ќе бидат испратени царински писма до помалите земји
-
Сончево и многу топло до 39 степени, освежување од петок