Македонија
12. November 2016 - 19:56

На воените Германски гробишта во Прилеп пригодно одбележан – Денот на Примирјето

12-ти ноември – Денот на примирјето од Првата светска војна и Денот на народната жалост, традиционално, Амбасадите на Германија и Фрнација, пригодно го одбележаа со комеморации на Воените гробишта во Битола и Прилеп. Во знак на помирување на овие две држави и како доказ за француско-германското пријателство, но, и како пример како треба меѓусебно да функционираат државите, на воените Германски гробишта во Прилеп, пригоден говор одржа францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние.
 
На Комеморацијата  присуствуваа и претставници од локалните самоуправи на двете оштини, а поменот е посветен  на сите мртви, ранети, исчезнати и расселени лица од сите досегашни војни и народи. Воените Германски гробишта во Прилеп, во кои почиваат моштите на неколку илјади странски војници од двете светски вејни, пред неколку години во соработка со ЛС беа соодветно преуредени со што прераснаа во Меморијален центар.