На владина седница одобрени 18,6 милиони денари од Ковид програмата за поддршка на софтверски компании
Владата на Република Македонија на денешната 125-та редовна седница донесе одлука за утврдување статус на стратешки инвестиционен проект на Друштво за производство, трговија и услуги РИНУАБЛ ПАУЕР ИНТЕРНАТИОНАЛ ДООЕЛ Скопје, односно за инвестиција фотонапонска електрана со јачина од 85 мегавати.
Соларната електрана на стратешкиот инвеститор вредна 63 милиони евра ќе биде изградена во Општина Делчево.
На денешната седница Владата донесе уште една одлука за утврдување стратешка инвестиција за компанијата ХЕК СОЛАР МК ДООЕЛ Скопје, која што ќе инвестира во изградба на фотонапонска електрана со јачина од 70 мегавати и со вредност од 53 милиони евра.
ХЕК СОЛАР МК соларната електрана ќе ја гради во атарот на Долни Балван, во Општина Карбинци.
Владата денеска ја разгледа и усвои информацијата и го прифати барањето на Стопанската комора на Република Македонија да издвои износ од 18.600.000,00 денари од Ковид програмата како финансиска поддршка за имплементација на современи дигитални софтверски решенија во рамки на поддршката на компании од информатичко-компјутерската технологија како заедничка акција на јавниот и приватниот сектор.
На предлог на Министерството за здравство Владата ја донесе Стратегијата за здравство на Република Македонија 2021 – 2030 година со Акциски план.
Низ транспарентен и инклузивен процес при нејзината подготовка земена е предвид агендата на ЕУ за ефективни, ефикасни и достапни здравствени системи и при што, меѓу другото, беа идентификувани три клучни прашања:
– Поддршка за зајакнување на ефективноста на здравствените системи, што опфаќа успешност на здравствениот систем, квалитет и безбедност на здравствената заштита и интегрирањето на здравствената заштита на сите нивоа;
– Зголемување на достапноста до здравствената заштита, со фокус врз здравствената работна сила. Заложбите за планирање треба да осмислат одржливи решенија на ниво на ЕУ со кои ќе се обезбеди доволен број на соодветно квалификувани здравствени работници со вистинските вештини потребни за давање на здравствената заштита на сите на кои им е потребна; и
– Подобрување на здравствените системи и улогата на е-здравството, проценка на здравствената технологија и здравствените информатички системи.
Влада на Република Македонија
Ново на Сител
-

Мелиса Прошева ги демантира изјавите на адвокатот Зафировски, тврди дека се обид за спас на обвинетиот
-

Спречена трагедија: Спасени три момчиња кои ги однела реката Треска
-

СП 2026: Можно е одложување на финалето на Мундијалот
-

Втора македонска ракометарка во дресот на Црвена Звезда
-

Одземени шест возила и недвижен имот од Александар Лазаров од Кочани, поради сомнение дека се нелегално стекнати
-

Пожар во парк шумата „Гази Баба“
-

Апелација ги потврди доживотните казни за убиството на Вања и Панче и ја укина ослободителната за Александар Ѓорчевски
-

Стевче Јакимовски доброволно замина во затвор
