На трилатерална средба во Охрид утврдена декларацијата за регионална соработка
Премиерот Зоран Заев заедно со неговиот албански колега Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа во Охрид ја утврдија декларацијата со листа на приоритети и мерки за подобрување на регионалната соработка. Декларацијата следува по претходната нивна заедничка средба што се одржа во Нови Сад.
Од Владата информираат дека во основата на декларацијата се соработката, заедничкиот ангажман и елиминирањето на сите препреки за слободно движење на луѓе, добра, услуги и капитал, како придонес за граѓаните од сите земји од регионот во остварување на заедничката крајна цел- полноправното членство во ЕУ.
Се очекува на граничните премини, покрај заедничките царински контроли, да има заедничка соработка на фитосанитарните контроли, како и слободно движење на граѓаните во трите земји само со лични карти.
Со декларацијата се најавуваат можностите на отворен пазар и пристап за бизнис иницијативите во целиот регион без разлика на местото на основање на компаниите, создавање нови работни места и поттикнување на потенцијалите за севкупен развој.
– Оваа иницијатива отвора големи можности за младите од поврзувањето по угледот на европскиот модел за имплементирање на стандардите на ЕУ со цел економски напредок на земјите од Западен Балкан и целокупната демократска трансформација, велат од Владата.
Ново на Сител
-

Гренланд ја отфрли идејата на Трамп за испраќање медицински брод
-

ЕУ не ги прифаќа новите царини на Трамп, бара од Вашингтон да го почитува трговскиот договор
-

Како со децата со атипичен развој | Огњен Самарџиќ и Добрина Костовска | Sitel Podcast 139
-

Кривична пријава против четири лица за измами со лажни сообраќајки тешки 3,7 милиони денари
-

Стружанка почина откако во неа удрило товарно возило
-

Виткоф: Преговорите за мировниот план за Украина би можеле да се одржат во рок од три недели
-

Возел со 203 километри на час наместо максимално дозволени 120, лишен од слобода возач на автопатот Неготино - Стоби
-

Германија планира да ја забрза интеграцијата на барателите на азил на пазарот на трудот
