На Трамп фрлени руски знамиња со извици "предавник", еве како реагираше тој

Американскиот претседател Доналд Трамп доживеа непријатно изненадување во Конгресот кога еден од активистите на групата што бара отповикување на претседателот фрли врз него руски знаменца извикувајќи „предавство“.
Руските знаменца, на кои пишуваше „Трамп“, ги фрли Рајан Клејтон, член на организацијата „Америка презема акција“.
– Трамп е предавник. Зошто разговараш за намалување на данокот кога би требало да зборуваш за предавство – извика Клејтон. По овој инцидент, Клејтон е приведен и против него ќе биде поведена пријава поради незаконско однесување. Полицијата истражува како успеал да стигне до локацијата бидејќи е потребна акредитација.
Клејтон во јули беше меѓу група новинари во Сенатот, а тогаш фрли руски знаменца врз зетот на Трамп, Џеред Кушнер.
Ново на Сител
-

Продолжуваат обвинувањата за набавката на Леонардо хеликоптерите
-

АФД со предност од 10% преку ЦДУ/ЦСУ на федерално ниво
-

Преглед на вестите од светот
-

Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Бугарија ги пречека останките на Цар Самоил со државни и воени почести
