На „Титаник“ се сослушуваат сведоци

На денешното рочиште за случајот за изборни нерегуларности „Титаник“ беше сослушана сведокот Жанета Заец, вработена во управно одделение ПС Ресен при МВР-СВР Битола, која во 2012 година работела на издавање на лични карти.
– Тој период имаше поголема група лица од Албанија, што беа со договори за користење стан и извод од матична. Истите ги сликавме без претходно да се прави проверка на адресата, изјави сведокот.
Имавме доста негативни белешки, рече сведокот, поради што се консултиравме со шефицата, меѓутоа началничката ни рече да не ги одбиваме и да ги иставиме така без решенија.
На прашање од Илија Димовски, дали имала увид во избирачкиот список, сведокот рече дека добивале списоци од Избирачка комисија за проверка на податоци во системот.
На прашање од Гордана Јанкулоска дали во своето работење има прифатено барање без целосна документација, сведокот рече не.
Предметот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова.
Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.
Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.
Ново на Сител
-

Маж од скопско три дена ја киднапирал, тепал и силувал својата поранешна партнерка
-

Зеленски: Ситуацијата во Иран не ѝ дозволи на Русија да има корист од конфликтот
-

Поради зафати, делови од општина Центар утре без струја и вода
-

Владата донесе мерки за стабилизирање на цените на ѓубривата и заштита на земјоделците
-

Трамп: САД се подготвени за воена акција против Иран
-

30-годишна жена физички нападната од поранешната свекрва во струшката чаршија
-

Почина новинарката Лилјана Алтипармакова
-

Група малолетници со балон полн со вода погодиле мотоциклист, кој потоа застанал и физички ги нападнал
