На „Тендери“ исказ даваат сведоци на СЈО
Со сослушување на сведокот на СЈО Томче Божиноски во Кривичниот суд почна денешното рочиште за предметот „Тендери“ во кој првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“.
Божиноски, кој сега е пензионер, е повикан да сведочи бидејќи тогаш како инженер вработен во Дирекцијата за заштита и спасување бил член на Комисијата за технички прием на Музејот. Сведокот рече дека пред техничкиот прием на објектот неколкупати неофицијално, без писмен допис бил повикан за неколку стручни консултации за што нема добиено никаков надомест.
Додаде дека во Дирекцијата на месечно ниво пополнувале листа на активности каде тоа било евидентирано како давање стручна помош. Божиноски рече дека согласно елаборатот за заштита од пожари, експлозии и опасни материи во објектот била поставена потребната противпожарна опрема. Тој на крајот од неговото сведочење побара надомест за трошоците за доаѓањето во судот.
Во моментов во судницата сведочи вториот сведок повикан од СЈО Саша Гошев.
Ново на Сител
-
Гаши се поправи: Мојата татковина е Северна Македонија
-
Бајден денеска во Париз ќе се сретне со Зеленски
-
Приведен Косовец за поткуп на Долно Блаце
-
Пријави за змии во дворови на болница и факултет во Скопје
-
Макрон: Франција на Украина ќе и испрати борбени авиони „Мираж“
-
Официјално почна да тече рокот за формирање на влада преку мандатарот Мицкоски
-
Руската ПВО ноќеска соборила 28 украински беспилотни летала
-
124 санкционирани возачи во Скопје