На „Табановце“ се чека 40 минути, на „Богородица половина час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути. На ГП Богородица за излез се чека од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Додека светот стравува од инфлација, власта уверува – состојбата не е загрижувачка
-

Светски технолошки конгрес
-

Линеарното покачување на пензиите останува во сила
-

60 проценти од населението во Македонија се со зголемена телесна тежина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Врските на Заев и Филипче со политиките на Путин
-

СДСМ: Toшковски да поднесе оставка
-

250 анкетни листови од кочанчани против бетонизација кај „Панаѓурот“
