Македонија
28. July 2019 - 10:36

На Табановце приведен скопјанец со белгиско државјанство, баран од Интерпол

Вчера во 14,40 часот на Граничен премин Табановце, за влез во Република Северна Македонија се пријавил А. С. (43) од Скопје, државјанин на Белгија.

При пасошката контрола е констатирано дека се бара по потерница од Интерпол.

Лицето е приведено и предадено на СВР Куманово за понатамошна постапка.