-->
-->
На „Табановце“ откриени две возила кои вршеле меѓународен превоз на патници без документација
-->
На 29.01.2022 од страна на полициски службеници од Полициска станица „Табановце“ при Регионалниот центар за гранични работи Север била извршена контрола на две патнички возила кои вршеле меѓународен превоз на патници.
При контрола на патничко возило комби „форд транзит“, со бугарска национална ознака, управувано од Т.Т.(35) од Струмица, било констатирано дека возилото не поседува соодветна документација за меѓународен превоз на патници. При извршена контрола на автобус, со скопски регистарски ознаки, управуван од П.И.(31) од Скопје, било констатирано дека возачот не поседува комплетна документација за меѓународен превоз на патници и стока.
На двете возила од страна на Државниот инспекторат за транспорт им се изречени соодветни санкции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Павловски: Македонија треба да биде прва во Европа по крипто бизнисот за да се развие
-
Таравари го свика партиското раководство
-
Тема на денот со Крис Павловски
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок