Македонија
8. April 2019 - 11:50

На Табановце и на Долно Блаце приведени двајца криминалци

Вчера во 14.10 часот на Граничниот премин „Табановце“, при пасошка контрола било констатирано дека лицето Б.К.(37) од Скопје бил предмет на потрага за издржување казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело по член 239 став 1 од Кривичниот законик – „затајување.“

Б.К. бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

Истиот ден утрото во 09,30 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“ од слобода бил лишен M.E.(21) од Косово врз основа на барање на СМПС – Интерпол.

 Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

Ново на Сител