На судска приправничка во Германија и е забрането да носи марама во судот
Германскиот Уставен суд во Карлсруе ја потврди забраната за една судска приправничка да носи марама во сојузната покраина Хесен, а одлуката е образложена со верската неутралност во судницата.
-Поради световната и верска неутралност на државата, власта може да го забрани носењето марами иако тоа навлегува во верските права на поединецот, се наведува во соопштението на Вториот сенат на Уставниот суд на Германија во Карлсруе.
Со тоа е одбиена жалбата на една приправничка од мароканско потекло на која во текот на приправничкиот стаж и било дозволено носење марама, но не и во судницата каде приправничката, како што е објаснето во одлуката на Уставниот суд, „ја претставува државата“.
Приправничката затоа во текот на процесите, на кои присуствувала во рамките на својот приправнички стаж, морала да седи во просториите за постители, а не зад судската маса како и останатите колеги.
Слични правила, како во Хесен, на сила се и во правосудните установи на останатите германски сојузни покраини.
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор