-->
-->
На судењето за Рекет се слушаат разговори меѓу Боки 13 и Камчев
-->
Снимките кои ги направил бизнисменот Орце Камчев се слушаат на денешното судење за Рекет.
Аудио разговорите кои траат по околу една минута, според објаснувањето на Обвинителството се направени без ПИ мерки и затоа немаат време ниту датум кога се направени.
Во разговорите се слушаат Боки 13 и Орце Камчев, а во еден од разговорите и неговата сопруга.
Осомничениот му објаснува на Камчев како се води случајот во кој е обвинет и постапката за укинување на мерката притвор.
За обвинетиот Јовановски, тоа биле нејасни приватни разговори и побара судот да не ги прифати како докази.
Реагираше и адвокатот на Јовановски кој рече дека не може да се разбере и утврди кој со кого разговара и снимките немаат поврзаност со обвинението.
Во една од снимките се слуша и гласот на обвинетата специјална обвинителка, Катица Јанева.
За нејзините адвокати, тоа била снимка создадена од три различни разговори кои немаат меѓусебна поврзаност.
Во снимките кои ги презентира обвинителството се слуша и како Камчев му ги предава парите на Јовановски и му објаснува зошто банкнотите се во апоени од по 50 евра.
Инаку овие аудио снимки веќе ги слушна јавноста откако ги објави италијански медиум.
Зоран Јаневски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преку лажен мејл наводно од ФЗО на граѓани им ветувале исплата на пари ако кликнат на одреден линк
-
Исус покренат со вештачка интелигенција во црква во Швајцарија
-
Комплетиран новиот состав на Комисијата за помилување
-
Тепачка помеѓу пратениците од власта и опозицијата во српското Собрание | ВИДЕО
-
Ана де Армас во врска со посинокот на контроверзниот претседател на Куба
-
Кривична против поранешниот министер за култура Хусни Исмаили за штета на Буџетот од 31 милиони денари
-
Донација од шест електрични автобуси на ЈСП утре и купување на уште 120 за јавниот транспорт по општините
-
Ангела Меркел: Ако Украина пристапеше во НАТО во 2008, војната ќе започнеше порано