На состанокот на Енергетската заедница во Молдавија истакнат напредокот на земјава во енергетскиот сектор

Напредокот на земјава во енергетскиот сектор беше истакнат на состанокот на Министерскиот совет на Енергетската заедница што се одржа во Кишењев, Молдавија.
На состанокот, како што денеска информира Кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев, бил истакнат напредокот на земјава во спроведувањето на законодавството на Енергетската заедница, односно усогласувањето на националната регулатива со европската легислатива.
Директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница Јанез Копач ги истакнал позитивните примери за електронски наддавања за изградба на фотонапонски електрани по принципот на премиуми, спроведувањето на обврските поврзани со секторот за електрична енергија, како и изработката на националната долгорочна Стратегија за енергетика до 2040 година.
– По нејзиното усвојување, Македонија ќе биде првата договорна страна на Енергетската заедница со Стратегија за енергетика во согласност со петте димензии за енергија и клима на Европската Унија и многу брзо ќе започнат со изработка и имплементација Националните интегрирани планови за енергија и клима, наведуваат од Кабинетот на вицепремиерот.
На состанокот во Молдавија, која е земја претседавач, биле разгледани реформите за подобрување на функционирањето на Договорот за Енергетска заедница кои треба да го зајакнат механизмот за спроведување на Договорот, вклучително и со нов механизам за спроведување, сличен на оној во ЕУ и воведување нови одредби за олеснување на трговијата со енергија и зајакнување на интеграцијата на пазарот меѓу договорните страни на Енергетската заедница и земјите членки на ЕУ со систем на реципрочни права и обврски. За прв пат, Договорот ќе има задача Енергетската заедница да се бори против климатските промени и ја нагласува важноста на Парискиот договор. Се очекува преговорите да бидат финализирани во првата половина на 2020 година.
Европската комисија ја претставила тековната работа за генералните упатства за политика за годинава за целите до 2030 година и климатската неутралност за Енергетската заедница и нејзините договорни страни. Предлогот за целите од 2030 година се очекува во првата половина на 2021 година, заедно со законодавниот пакет.
Ново на Сител
-

Централен одбор на ДУИ: Избрани нови претседатели на локални ограноци, Арта Биљали Зендели нов портпарол
-

Без вода утре дел од улицата „Наум Наумовски Борче“ во Центар
-

Изречени казни кон правни лица - загадувачи во Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски
-

Почина Васил Рингов
-

Двојно зголемени казни за модуларната во Тетово
-

Мицотакис за протестите на земјоделците: Нема да подлегнеме на уцени од оние кои бараат, а не се подготвени на дијалог
-

Сиљановска - Давкова: Ако има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе се најде и за нас
-

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба во кошаркарски клуб Куманово
