Македонија
19. May 2018 - 21:11

На скопска Гинекологија абортирало 13 годишно дете - поголем шок било што дошло со сопругот

Се почести се абортусите пред 18. години во Македонија, а статистиката покажува дека изминатите две години на скопска Гинекологија на осум малолетнички им бил направен абортус. Најмладата од нив имала само 15 години, пишува Скопје24.

Во статистиката на ГАК е запишан и случајот со 13 годишно девојче од внатрешноста на која и бил направен абортус и која е најмладиот пациент, а дополнителен шок е што дошла со сопругот.

Од Обединетите Нации алармираат дека, доколку не се запре порастот на малолетнички бремености во светот, бројот на мајки помлади од 15 години од сегашните два милиони годишно, до 2030 година би се искачил на три милиони.