На синџирот продавници „Халал“ во Париз доби наредба да продава свинско и алкохол

Синџирот продавници „Халал“, кој продава месо со гарантирано говедско и живинско потекло, а чија целна група потрошувачи се муслиманите, доби наредба од градските власти во Париз да продава свинско месо и алкохол, или во спротивно ќе се соочи со затворање на продавницата, јавува денеска „Индипендент“.
„Халал“ супермаркетите во Париз добија наредба од градските власти да продаваат свинско и алкохол со објаснување дека француската престолнина „не сака никакви области кои ќе бидат наменети само за муслимани, како ниту какви било области во кои воопшто ќе нема муслимани“, пренесува лондонскиот весник.
Со оглед на тоа дека „Халал“ маркетите се почесто ги заменуваат локалните продавници, жителите се жалеле дека во „Халал“ не можеле да ги купат вообичаените прехранбени производи. Началникот на париската област истакна дека исто би реагирал и ако ова беа „вака чести продавници со кошер храна“.
Париските власти бараат законски мерки со кои би го поништиле договорот за закуп на продавниците од „Халал“ синџирот, кој важи до 2019 година.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
