Џет-Сет
18. August 2015 - 14:42

На што потроши Гоца Тржан 700 евра?

Пејачката Гоца Тражн е голем љубител на мачки, па така решила да даде дури 700 евра за посебен вид на мачка која по потекло е од Русија.
 
Сибирска нева е раса на мачки кои потекнува од Русија  но тешко се наоѓа на нашите простори.
 
Сепак, Гоца успеала да контактира едно семејство кое одгледува ваква раса на мачки и ведна дала капар за мало маченце.
 
-Ние веќе имаме мачор, а сега му купувам и девојка да му прави друштво. Мојата ќерка Лена најмногу се израдува. До сега чувавме само вдомени улични мачки, но се вљубив во оваа раса и решив да купам токму такви мачиња, кажала пејачката за една телевизиска емисија.