На штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ има 3.870 слободни места
![]()
Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип годинава ги отвoра вратите за 3.870 студенти. Толку се слободните места на сите факултети и академии за академската 2022-2023 година, порача проректорот за наука Дејан Мираковски, кој од септември ја презема функцијата ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) – Штип.
– Оваа година како и минатите запишуваме слична бројка на студенти, слободни места на УГД има за 2202 редовни студенти, во квотата со кофинансирање 913 и вонредни 755 или вкупно на 12 факултети и три академии 3870 слободни места предвидени со Конкурсот. Првиот уписен рок е на 25,26,29 и 30 август, но веќе е отворен системот за електронско аплицирање. Студентите можат електронски да аплицираат преку електронската платформа на веб-страницата на УГД, а физички документите можат да ги достават по 10 август, рече Мираковски.
Тој најави дека УГД и годинава ќе ги стипендира најдобро рангираните студенти на уписите, како и за сите студенти кои ќе се запишат на студиската програма за Македонски јазик. Новина оваа година е студиската програма на Англски јазик на насоката Општа медицина на Факултетот за медицински науки, а акредититрани програми на Англиски јазик има и на Правниот факултет и на Музичката академија.
Смета дека годинава ќе имаат интерес за запишување на некои од факултети и од студентите од други земји. Традиционално се запишуваат студенти од Турција, но интерес има и од соседните држави, како и од Израел.
Посочи дека како Универзитет се спремни за хибриден модел за настава, доколку има нов бран на коронавирусот. Практичната настава, вежбите, како и работата во лабораториите ќе се реализираат со физичко присуство, доколку налага состојбата во тој случај ќе се организира онлајн настава. Но, засега нема никаква одлука и состојбата ќе се следи, со што ќе се знае на 1 октомври 2022 година, како ќе стартува наставата на УГД-Штип.
Ново на Сител
-

Почина американскиот сенатор Линдзи Греам
-

Во координирана акција на ЦУК и МВР, кај Матка успешно пронајден изгубен романски државјанин
-

Успешна акција за извлекување на тројца планинари од планината Бистрица
-

Деветнаесетти Петровденски планинарски марш
-

Британската полиција приведе маж осомничен за убиството на Видикомб
-

Повторно се разгорува конфликтот на Блиски Исток
-

СП 2026: Норвешка поведе, Белингам донесе победа за Англија
-

Се одржува Галичка свадба - обичаи, традицонални носии, песни и оpа како живо сведоштво за дел од нашето културно наследство
