На Шри Ланка откриен најголемиот сафир во светот, тежок 310 килограми
– Властите во Шри Ланка денеска го прикажаа, како што наведуваат, најголемиот природен син сафир во светот, тежок 310 килограми, кој бил пронајден во јама за скапоцени камења пред околу три месеци.
Локалните експерти кои го испитувале сафирот велат дека тој е еден од најретките скапоцени камења во светот бидејќи тежи повеќе од 300 килограми, што меѓународните организации допрва треба да потврдат.
Сафирот е изложен во куќата на еден од сопствениците на јама за ископување скапоцени камења во градот Хорана, 65 километри јужно од главниот град Коломбо.
Скапоцениот камен е пронајден во областа Ратнапура, која е богата со скапоцени камења, каде локалното население претходно случајно пронашло најголема концентрација на таканаречени „ѕвездени сафири“ во еден двор.
Ратнапура е позната како престолнина на скапоцени камења на Шри Ланка, која е најголем извозник на сафири и други скапоцени камења.
Земјата минатата година заработила околу половина милијарда долари од извоз на скапоцени камења, дијаманти и друг накит, соопшти локалното тело за индустрија на скапоцени камења и накит.
Ново на Сител
-
Мицкоски за утрешната посета на Кошта: Ќе ги пренесеме нашите ставови во врска со уставните измени
-
Поранешен началник на Одделение за лично обезбедување на министри лажирал работни часови на вработени
-
Трамп: Не знам дали Путин ќе дојде на преговорите во Турција
-
Кривична против кумановка која го терала своето дете да питачи
-
Малолетен пешак прегазен во Скопје
-
Утре и во петок обилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување, на повисоките планини снег
-
Турската полиција приведе 97 студенти кои протестираа против исламски проповедник
-
Папата Лав Четиринаесетти е подготвен да посредува меѓу завојуваните земји во светот