Македонија
24. July 2015 - 16:00

На Сараиште како на море

Градската плажа Сараиште во стариот дел на Охрид со нов лик.

Плажата наменета за сончање доби ситна  песок а просторот уреден со чешма, клупи за седење, тушеви и соблекувални привлекува голем број на охриѓани и туристи кои  уживаат во езерските води.

Според најавите од локалната во наредната туристичка сезона  оваа градска плажа  ќе   биде  проширена а ќе се уредуваат и други плажи кои ќе бидат бесплатни за посетителите.

Инаку Охрид ќе добие уште една градска плажа кај малото пристаниште покрај самиот кеј на езерото која во минатото била една од најпосетуваните и најатрактвните места во градот.