Балкан
31. October 2016 - 11:20

На Самос за четири дена пристигнале 148 бегалци

На островите во северниот дел на Егејското Море во последните 24 не пристигнале нови мигранти, освен на островот Самос, каде во последните четири дена се регистрирани 148 нови бегалци.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, грчката полиција соопшти дека бројот на мигранти и бегалци кои бараат азил и се наоѓаат на грчките острови, денеска достигна 11.789 лица.