На Рама и Харадинај нејасно им е зошто Србија го блокира членството на Косово во УНЕСКО
Албанскиот премиер, Еди Рама и неговот косовски колега Рамуш Харадинај, по денешната средба во Тирана изјавиле дека им е необјасниво зошто Србија го блокира членството на Косово во УНЕСКО.
Харадинај на заедничката прес-конференција изјавил дека "Косово ќе биде многу важен член на оваа организација", а пак Рама нагласил дека со противењето „Србија губи многу повеќе од Косово".
Тој смета дека "ако културното наследство на Србите на Косово има посебна вредност за Србија, тогаш таа треба да инсистира за членството на Косово".
- Албанија и Албанците секогаш биле со нас. Мило ни е што денес гледаме дека Албанија и Косово имаат многу влијателни сојузници во светот, на чело со САД. Одлучни сме да одиме напред на нашиот пат кон ЕУ, заедно со Албанија, - изјавил Харадинај.
Харадинај посочил дека косовските граѓани, отсекогаш покажувале почит кон малцинствата што живеат во Косово и оти неговата влада, како што рекол, тоа почитување е подготвена да го прошири кон соседите.
- На нашиот пат на државноста наидуваме на предизвици, но ние чувствуваме дека со нас ја имаме Албанија и премиерот Рама,- рече Харадинај.
Двајцата премиери договорле седница на двете влади во ноември.
Во врска со демаркацијата на косовско-црногорската граница Рама го „посоветувал“ на Црна Гора да и го отстапи Чакор и Кула.
Харадинај, кој е во прва посета на Тирана по преземањето на функцијата, денеска оствари средба со шефот на албанската држава Илир Мета и претседателот на албанскиот парламент Грамоз Ручи.
Ново на Сител
-
Повеќе од 2.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите кои протестираат
-
Руските сили нападнаа воени аеродроми и магацини за оружје во Украина
-
Маж вооружен со нож се обиде да влезе во зграда на белгиската Влада
-
Приведено лице од Гостивар за издржување затворска казна
-
Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда
-
Во 2024 година најмногу пријави до АХВ за труење со храна и за производи со поминат рок
-
Скопје и денеска најзагаден град во Европа
-
Зеленски: Прво договор со Трамп, потоа преговори со Путин