На продажба два пакети акции на Топлификација во ТЕТ-ТО
Македонска Берза најави дека на барање на членката Комерцијална Банка АД Скопје, по пат на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети акции од страна на продавачот Топлификација АД Скопје во стечај, утре и задутре ќе се понудат за продажба два пакети акции.
Според известувањето од Македонска Берза, утре ќе се понудат за продажба 25 обични акции издадени од ТЕ-ТО АД Скопје што претставува 10 проценти од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 39.871.71 денари по акција преку моделот „се или ништо“. Задутре, пак, ќе бидат понудени две обични акции издадени од ТЕ-ТО АД Скопје, односно 0,80 проценти од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 39.871.715 денари по акција исто така преку моделот „се или ништо“.
Од Берзата потврдуваат дека утре треба да се изврши порамнувањето на трансакцијата со којашто вчера беа продадени 77.414 акции на Топлификација АД Скопје во стечај во Топланата „Скопје Север“, што претставува 99,98 проценти од основната главнина на друштвото.
Продажбата исто така е на барање на Комерцијална Банка АД Скопје, согласно Анекс 4 од Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје. Пакетот акции во Топлана Скопје-Север се продадени по почетната цена од 278 денари по акција, односно трансакцијата изнесува 21.521.092 денари или 348.830 евра. Парите од аукцијата ќе станат дел од стечајната маса.
Ново на Сител
-
Во Штипската клиничка болница ќе се отвори Ургентен центар за тријажа на пациентите од источниот регион
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и врски
-
Aнгелов: Законот за бранители на Славјанка Петровска е кукавичко јајце кој во реалноста не може да се спроведе
-
Академијата за судии и обвинители ќе добие нов директор, во трка седуммина кандидати
-
ЕСM: Цевководот под Беласица ќе биде поставен во наредните неколку месеци
-
СДСМ: Со ВМРО-ДПМНЕ просечната плата паѓа
-
Инспектори казнуваат и се уништува небезбедна храна