На премините Брегане и Товарник повеќе нема мигранти

Мигрантите на граничен премин Брегане на хрватско-словенечката гранива беа пуштени во Словенија и изутринава таму нема повеќе мигранти, јавија хрватските медиуми.
Откако Словенците синоќа го затворија преминот, тие испратија три автобуси, кои превезуваа словенечки активисти и дел од мигрантите, кои беа блокирани на преминот. Во текот на ноќта пристигнаа уште автобуси, кои ги превезуваа и останатите мигранти.
Граничниот премин Товарник на хрватската граница со Србија денеска исто така е празен. Сите пристигнати мигранти се префрлаат во кампот Опатовац.
Околу две илјади мигранти ја минаа синоќа пеш хрватската граница со Унгарија кај Терзино Поле. Тие беа донесени со околу 20 автобуси во близина на границата, а хрватската полиција ги спроведе пеш до границата, по што на средината на мостот ги презеде унгарската полиција.
Од околу три илјади мигранти, кои досега влегле во Словенија азил побарале само седум.
Ново на Сител
-

Трамп не се противи рускиот танкер да достави 730.000 барели нафта на Куба и покрај блокадата
-

Убиство во Росоман, син си ја заклал мајката
-

Најстудено на Попова Шапка и 59 сантиметри снег
-

Трамп изјави дека сака да ја „земе“ иранската нафта
-

Без вода објектот на „ЕГТ“
-

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром по продолжение до победа над Работнички
-

Санкциониран возач, се движел со брзина од 178 километри на час
-

Почнува судењето за Стојанче Јовановски, обвинет за наведување на самоубиство на сопругата Ивана и ќерката Катја
