На португалските аеродроми откажани 90 летови поради штрајк
Вработените во португалскиот аеродромски оператор Портовеј (Portoway) денеска започнаа тридневен штрајк на неговите главни аеродроми во Лисабон, Порто, Фаро и Фуншал, што досега доведе до откажување на околу 90 летови.
Околу 90 отсто од работниците на Портвеј го напуштија аеродромот во Лисабон, каде што се откажани 60 летови до и од главниот град на Португалија, изјави Педро Фигеиредо, портпарол на Националниот сојуз на вработени во цивилното воздухопловство (СИНТАЦ).
Синдикалците бараат подобри услови за работа, зголемување на платите и платен годишен одмор без намалување на платите.
Протестот е организиран во пресрет на еден од најфреквентните викенди во годината, кога голем број туристи се враќаат од летниот одмор, а други заминуваат на одмор во последните денови од август.
Ново на Сител
-
Стартува примената на есенската кошничка
-
Законот за бранителите во Собранието
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДМС и ДУИ потрошиле 100 милиони евра без критериуми
-
Странски студенти на УГД Штип
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Борче Давитковски, универзитетски професор
-
Претседателката на албанското собрание во Скопје - средби со Гаши, Ахмети и Филипче
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе го деблокира Законот за бранителите