-->
-->
На Попова Шапка наврна снег
-->

Во деновите од викендот на зимскиот центар Попова Шапка наврнаа нови 40-тина сантиметри снег, но временските услови не дозволуваат да започне скијачката сезона.
Од „ЕЛЕМ Турс“ подружница-скијачки центар „Попова Шапка“ велат дека топењето на снегот не дозволува да се третира со тапкачи (ратраци).
– Причината се високите температури кои не дозволуваат снегот да опстои, односно веднаш се топи. Така снежната покривка е мека и при поминување со специјалната машина за тапкање на снег се намалува. Со тоа нема доволна висина на снежната покривка за скијање, изјави директорот на скијачкиот центар „Попова Шапка“, Живе Алексовски.
И на почетокот на февруари два дена по ред врнеше снег на Попова Шапка, но тогаш силниот ветер ја оддува снежната покривка и не дозволи да има скијачка сезона.
На 26 февруари беше означен официјален почеток со работа на најновата шестоседна жичница на Попова Шапка. Поради неможноста скијачите да ја корисат, таа може да послужи само за панорамско разгледување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трудо: Ќе бидеме со Украина, колку што е потребно, со сè што е потребно
-
Најави за зголемување на расходите за одбраната и повторно вооружување на Европа
-
Македонските каратистки балкански првенки во кати
-
„Блу гоуст“ слета на Месечината
-
Стармер: На Самитот во Лондон договорени четири клучни чекори
-
Маската „Танц на ангелите“ најдoбрa на Прилепскиот карневал
-
Приведени двајца охриѓани, при претрес на возилото пронашле дрога
-
Стармер: Мировен исход за Украина би бил клучен и за стабилноста на Европа