На Попова Шапка 31 сантиметар снег, најмногу дожд во Крушево, Охрид и Претор

Најниска температура изутринава во 7 часот е измерена во Попова Шапка, - 4 степени, каде има и снежна покривка од 31 сантиметар.
Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Крушево, 55 литри на метар квадратен, по што следуваат со 52 Охрид, 48 Претор, 39 Маврови Анови, 35 Пожаране, 34 Крива Паланка, 32 Битола, 31 Тетово, 24 Прилеп, Тополчани, 23 Попова Шапка, 19 Берово, 16 Штип, Виница, Струмица, 15 Велес, 14 Скопје-Зајчев Рид, 13 Ѓуриште, 12 Скопје-Петровец, Пожар-Радовиш, 8 Кавадарци, 6 Демир Капија, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Куманово се измерени - 3 степени, во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид и Mаврови Анови, -1, Крива Паланка, Штип, Велес и Kрушево, 0, Тетово, Охрид и Виница 1, Претор и Кавадарци, 2, Демир Капија, 3, Прилеп и Берово,4, Битола и Струмица,5, Гевгелија, 7.
Снежна покривка од два степена има во Крива Паланка.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од снег, а во пониските места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северозападен правец над 60 километри на час.
Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8 степени. Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 2 степени.
МИА
Ново на Сител
-

МЗ: Предлог-законот за заштита од пушење не е удар по угостителството, туку заштита на правото на здраво работно место
-

Најмногу снег и најстудено на Попова Шапка
-

Во Белгија прогласен „портокалов аларм“ за опасност од респираторни инфекции
-

Денеска се празнува Собор на Светите Седумдесет aпостоли
-

Азербејџан почна да испорачува природен гас за Германија и Австрија
-

Лазаров: Мораме да извлечеме добри поуки од натпреварот со Данска
-

Меѓународна научна конференција „Охрид- Водици 2026“
-

Зеленски: Русија подготвува нови масовни напади врз Украина
