На подрачјето на Ресен и Битола денеска посебен сообраќаен режим
На подрачјето на Ресен и Битола денеска поради присуство на владини делегации од државата и странство, ќе биде применет посебен режим во сообраќајот со запирање на сите возила и пропуштање на службените возила со првенство на минување.
СВР Битола ги известува граѓаните дека во времето од 8.00 до 18.00 часот ќе биде применет посебен сообраќаен режим со цел непречено и безбедно одвивање на закажаните настани за одбележување на годишнина од одржувањето на Битолскиот Конгрес и унифицирањето на албанската азбука, и за таа цел СВР Битола ќе воспостави посебен режим на сообраќај.
Во Битола за сообраќај ќе бидат затворени улиците „Билбил камен“, „Довлеџик“, булеварот „Први Мај“ ќе биде затворен од двете страни до крстосница со улица „Столарска“, улица„ Добривоје Радосављевиќ“, „Лазо Трповски“, „Рузвелтова“, „Никола Тесла“ и улицата „Димитар Илиевски Мурато“ што се наоѓа во строгиот центар на градот.
СВР Битола апелира учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќајот кој утрово почнува во 08 и ќе заврши во 18 часот.
Ново на Сител
-

Уапсен 28-годишник од Неготино, оштетил кафемати и одзел пари од нив
-

Физичка пресметка помеѓу четири лица во скопскиот Градски парк поради одземен телефон
-

Затвореник во Затвор Штип истепал полицаец
-

Руте: Русија и нејзините сојузници се главната долгорочна закана за НАТО
-

Во Шпанија во јуни од екстремно топлото време починале 1.028 луѓе
-

Кавадарчанец загина откако со камион се превртел и паднал во провалија
-

Нова технологија на скопскиот аеродром, поголема безбедност и помалку процедури за патниците
-

Самарџиски во стручниот штаб на младинската кошаркарска репрезентација
