На патните правци во источна и југоисточна Македонија фрлени околу 80 тони сол
Источна Македонија ја зафатија врнежи од снег, но раководителот на регионалната подружница на ЈП „Македонија пат “-Штип, Кире Коцев вели дека не создаваат проблеми на регионалните и магистрални патни правци.
Механизацијата на ЈП „ Македонија пат“ е на терен и од утринава на сите патни правци во источна и југоисточна Македонија се фрлени 100 метри кубни абразивен материјал и околу 80 тони сол.
Според Коцев, на патот Штип-Велес кај селото Сармзалино има ветер, но засега не e толку силен за да прави навеви на коловозот.
– Нашите камиони се на терен и се расчистени патните правци кон Плачковица, Конче, без проблеми се одвива и сообраќајот кон зимскиот центар Пониква. Останува апелот возачите на пат да не тргнуваат без зимска опрема и внимателно да возат, односно согласно сообраќајната сигнализација, потенцира Коцев.
Тој додава дека исто така внимателно треба да се вози и по клисурите, каде што има можност од појава на одрони.
Ново на Сител
-
Австралија предлага забрана на социјалните мрежи за помлади од 16 години
-
Бајден брза да испрати помош за Украина пред инаугурацијата на Трамп
-
Барселона против Звезда постави рекорд стар 74 години
-
Просечната температура во 2024 година ќе го надмине прагот од 1,5 степени
-
Министерството за енергетика ќе ги додели ваучерите за инвертер клими за граѓаните
-
Шолц по распадот на владината коалиција: Бундестагот на 15 јануари ќе гласа за доверба на владата
-
Илјадници луѓе се евакуирани во јужна Калифорнија поради пожар кој брзо се шири
-
Стартна победа на македонските ракометари во квалификациите за ЕП 2026