На пат од Кина за Северна Македонија паднаа во Солун : Запленети 12 милиони шверцувани цигари
Со помош на скенер и специјално обучено куче, царинските служби на солунското пристаниште откриле контејнер од Кина со 629 000 кутии, односно 12 596 000 парчиња шверцувани цигари, соопштуваат од Независна служба за јавни приходи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Сомнителниот контејнер со шверцуваните цигари, според грчката телевизија Антена требало да стигне во Северна Македонија, а надлежните власти се сомневаат дека фирмата наведена во документите воопшто и не постои.
Во документите наместо цигари, било пријавено, дека контејнерот што од Кина пристигнал во Солун, содржи ткаенини.
-Беше направена контрола на конкретниот контејнер кога пристигна на пристаништето во Солун од Кина. Скенерот на почеток покажа знаци дека постојат тутунски производи, а овие знаци потоа беа потврдени од кучето, вели за грчката телевизија Антена, директорката на царинската служба во Солун, Фотини Парусиду.
Ново на Сител
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Гостивар: Двајца возачи се судриле со три паркирани возила
-
Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан