На падобранец му се заби стебло во рамо, а тој се правеше како да не му е ништо, ги поздрави сите со селфи од болница
На повеќето луѓе, дрвце ако им се забоде во некој дел од телото, во најлош случај, им предизвикува блага непријатност. Еден белоруски парагладерист, меѓутоа го подигна работите на сосема ново ниво, кога со неговиот падобран падна во шума и во неговото тело се забоде веројатно најголемата шпица која светот некогаш ја видел.
Иван Красоуски излетал со падобранот над некое село недалеку од Мински, кога му пукнал лента и тој изгубил контрола.
36-годишникот се урнал во шума и остра гранка, која изгледа како цело стебло, му се забодела во рамото додека слетувал.
Наскоро стигнале спасителите, кој рекле дека Красоуски ќе искрвари до смрт ако не му го отстранат парчето дрво. Наместо тоа, тие го откачиле од стеблото и го однеле во болница со гранката се уште на местото каде го прободела.
На почетокот падобранецот се претварал како ништо да не се случило.
„Размислував: „Толку тивко паднав, се е во ред“, рекол во болница. „Станувам и тргнувам, а тогаш нешто почна да ме влече назад“, додаде тој.
„Погледнав и тука е огромно парче дрво, ми ја искинало кошулата, а во мојата рака имаше гранка, дебела како лубеница“, рече тој.
Неверојатно но тон не изгледал премногу возбуден поради масивното дрво во горниот дел од телото, а дури му успевало и да се пошегува.
Се чувствувал доволно добро и да позира во болница, како и да ги ажурира профилите на социјалните мрежи.
Хирурзите на крај успеале да го оперираат и успешно да го отстранат гигантското дрво од неговото рамо. Сега се опоравува дома.
Ново на Сител
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори
-
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите на 8 мај
-
Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците
-
Одбележување на Денот на полицијата, посебен сообраќаен режим во општина Аеродром
-
Стано: Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин
-
Сообраќајот непречено, по претежно суви коловози
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори