На „Отворени финансии“ ќе се следат сите исплати на општините и нивните буџетски институции
На платформата „Отворени финансии“ отсега ќе можат да се следат и сите исплати на единиците на локалната самоуправа и нивните буџетски институции. Со втората фаза на проектот што беше презентирана денеска е направена надградба со која се зголемија перформансите на системот и се објавија и трансакциите на единиците на локална самоуправа и нивните јавни претпријатија, на истиот начин на кој се објавуваат и трансакциите на сите буџетски корисници на Буџетот и тие се достапни за јавноста преку интернет врската open.finance.gov.mk.
Министерката за финансии Нина Ангеловска очекува надградбата на Отворени финансии да ја подобри сликата со транспарентноста на општините. Со вчера објавениот индекс за активна транспарентност на извештајот на Центарот за граѓански комуникации, 14 општини годинава се најдоа на врвот на листата каде се наоѓаат институциите со „многу добра“ активна транспарентност од вкупно 21 институција во оваа група. Во групата „многу слаба“ активна транспарентност, само општини, со исклучок на една институција, ги заземаат последните 37 места во рангирањето. Од вкупно 81 општина, само 43 годинава успеале да ја подобрат активната транспарентност.
-Фискалната транспарентност претставува најдобра алатка за домаќинско трошење на државните пари. Надградбата на порталот „Отворени финансии“ има за цел да им даде на јавноста, граѓанските организации, експертската и бизнис заедница посеопфатна слика и база на фискални податоци за трошењето на државата и општините. Тоа претставува основа за понатамошна економска анализа, зајакнување на јавната дебата со факти поткрепени со фискални податоци од официјален извор, како и поттик за јавните чинители поефикасно и ефективно да управуваат со јавните финансии, рече на прес-конференција Ангеловска.
Како што информираше, платформата „Отворени финансии“, што беше презентирана во ноември лани и преку која може да се следат исплатите од трезорот за буџетските институции, досега има над 250 илјади посети од над 24.000 корисници кои во просек се задржуваат по шест минути на страната. Граѓаните имаат информации за буџетскиот корисник од кој е извршено плаќањето, видот на трошокот согласно економската класификација, информација за примателот на средствата, датумот на кој е реализирано плаќањето, податоци за спецификации на расходи итн. Податоците се ажурираат два пати месечно, а корисниците можат да ги преземаат во отворен формат за правење на анализи.
Според Ангеловска, иако во услови на криза фокусот е ставен на очекувањата за економските резултати, стопанството и мерките кои се преземаат, мора да се има предвид дека без добро поставен систем за управување со јавните финансии, не може да имаме здрава економија и тоа е нешто на што треба во континуитет да се работи.
Ангеловска потенцираше дека Програмата за управување на реформите во јавните финансии 2018-2021 се реализира согласно акцискиот план.
Во финална фаза е Законот за буџети и ќе биде доставен до Парламентот до крајот на годината. Понатаму, направиме сеопфатна Стратегија за реформа на даночниот систем за која имавме и јавна дискусија со стеикхолдерите. Овој период се изработува и акцискиот план и заедно со Стратегијата ќе бидат доставени на усвојување до Владата, по формирање на новата Влада, најави Ангеловска.
Паралелно со реформите во буџетот, дополни, продолжуваат реформите во системот на управување со јавните финансии, преку воспоставување на нов ефикасен и интегриран информациски систем за управување со финансии во Министерството за финансии (ИФМИС). ИФМИС системот од корен ќе го промени начиниот на управување со јавните финансии и тој е поврзан со Законот за буџети, укажа министерката за финансии.
Таа дополни и дека Минатата година во споредба со 2018, согласно индексот за активна транспарентност Министерството за финансии има раст од 9,1 процентен поен и со тоа се рангира меѓу најдобрите десет институции во однос на транспаретноста. Тоа, укажа, се должи на посветеноста кон отчетност, на поедноставување и правење на информациите подостапни преку новите алатки кои се воведоа кон крајот на 2019 и почеток на 2020 година. Беше изработена и алатка Капитални трошоци по буџетски корисници и беа публикувани капиталните расходи по институции – поттикнувајќи ги на тој начин да ја подобрат својата реализација. На почетокот на годината беше лансирана и алатката за транспарентност, платформата „Јавен долг“, која ја прикжаува состојбата и тековите на долгот, динамика на движење по години, повлекувањата и раздолжувањата, како и проекциите за движење на дологот за тековната година.
Ново на Сител
-
Барале пари за да дадат информации - Нови детали за изчезнувањето на Лидија
-
Родри ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од Винисиус
-
Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени
-
Според тестирањата во прилепските градинки, секое второ дете има проблеми со говорот
-
Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
-
Од утре температурите пониски за пет до седум степени
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе
-
Едно лице загина, 13 се повредени во напад на руски дрон врз Одеса