На Охридско лето, Николај Лугански
После грандиозното и спектакуларно, според многумина - Волшебно отворање на 55 издание на фестивалот Охридско Лето, какво што до сега се нема случено не само во Македонија, туку и во други европски земји, реализацијата на програмата продолжува со истиот жар и возбуда како кај уметниците така и кај публиката.
Во духовниот храм, црквата Св. Софија, силен почеток на музичката програма со настап на тројца руски великани. Концертот на пијанистот Андреј Коробеиников ја вознесе публиката, подарувајќи им на посетителите 3 биса.
Според искажувањата на публиката синоќешниот концерт на еден од најдобрите светски челисти - Маестралниот Александар Књажев, заедно со Андреј Коробеиников беше концерт кој не само што долго ќе се памети, туку постави и нови, повисоки уметнички критериуми.
Од првиот до последниот тон во двочасовниот програм со изведба на сонатите од Рахманинов, Шостакович и Франк, бура од емоции ја обзеде многубројната домашна но и странска публика.
Вечерва во Св. Софија настап на уште еден уметник од светски глас - рускиот великан на пијано Николај Лугански.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
