На Неврохирургија првпат применета интраоперативна флуоресцентна видеоангиографија при хируршки третман на мозочна аневризма

На Универзитетска клиника за неврохирургија е извршена комплексна микрохируршка интервенција кај 57-годишен пациент со руптурирана аневризма на мозочен крвен сад.
-Станува збор за операција која за првпат во Македонија е изведена со примена на интраоперативна флуоресцентна видеоангиографија. Оваа иновација е значаен чекор напред во модернизацијата на македонското здравство. Примената на интраоперативната флуоресцентна видеоангиографија ја зголемува безбедноста на пациентите и ја подобрува ефикасноста на хируршките интервенции, вели министерот за здравство Азир Алиу.
Оваа иновативна метода претставува напредна техника која овозможува визуелизација на крвниот проток во реално време за време на операцијата.

-Со примена на контрастно средство, хирурзите можат прецизно да ја проценат проодноста на крвните садови и да го потврдат целосното исклучување на аневризмата, што е клучно за успешен исход, појаснува д-р Благој Шунтов, специјалист по неврохирургија и раководител на тимот.
Инаку, во хируршкиот тим беа д-р Благој Шунтов, асистентите д-р Мирко Мишел Мирчевски и д-р Влатко Атанасов, а во анестезиолошки тим беа д-р Сања Ѓурчевска, д-р Радмила Панговска, медицинските сестри Ирена Стојанова, Гордана Мицковска и Даниела Делова, и инструментарките: медицинска сестра Маја Спировска и медицинска сестра Наташа Мирчевска.

Операцијата помина без компликации, а пациентот се опоравува без потешкотии. Примената на оваа напредна техника претставува значаен напредок во третманот на неврохируршки пациенти и ја потврдува посветеноста на Клиниката за неврохирургија во примена на најновите медицински технологии.
Оваа иновација претставува значаен чекор напред во модернизацијата на македонското здравство и ја потврдува посветеноста на здравствените институции во примената на најновите медицински технологии, информираат од Министерството за здравство.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Марш за Ангелите во Кочани
-

Со термални камери општините од струмичкиот регион ќе ги детектираат потпалувачите на депонии
-

Владата утре ќе ја намали акцизата и ќе го задржи ДДВ на 10 отсто кај горивата
-

Мицкоски: СДСМ се однесува како локална организација на бугарска партија
-

МОН најде приватен институт во обложувалница, со два душеци и две столчиња
-

Тече конкурсот за упис во средните училишта, најмногу место има за ученици во средните стручни училишта
-

Третманот со ефикасна терапија го зголеми бројот на преживеани на Oнкологија
