-->
-->
На место каде што "случајно" се запали трска во Струга, "случајно" се бетонира ограда
-->
Откако пред неколку дена изгоре поголема површина трска од крајбрежниот појас на Охридското Езеро на потегот од Струга до селото Калишта мајстори бетонираат ограда.
Продолжува самоволието на одредени поединци, на кои не им пречи постојаниот притисок, медиумско експонирање на проблемот изминатиов период, па на одредени парцели помеѓу Струга и Калишта денеска тампонираа, поставуваа бетонски огради, палеа трска и друга вегетација среде бел ден, а на повеќе локации е депониран и градежен шут. Се чини како да е ова ничија земја, како да не важат овде законите на државата, како да нема никаква контрола од надлежните институции, реагира Охрид СОС.
Максимално се користи секој момент, имајќи ја предвид најавата на Владата дека ингеренциите за плажите во Охрид и Струга ќе преминат од општинско на државно ниво.
,,Не се знае кој узурпира, кој гради, на локациите беа лица со приватни возила, израмнет терен, на неколку места изградени објекти непосредно до езерото, паркирани возила, оградено со жица. Во прилог само неколку фотографии од денешната посета на овој дел од крајбрежјето. Глетката е ужасна. Оваа ситуација не беше спомната во одговорот на македонските институции до УНЕСКО. Свесно е премолчено ова намерно уништување на природата, појасот трска кој е овде најконзистентен. Сите молчат, локацијата е надвор од градот, незабележлива, што е уште еден поволен момент за овие узурпатори.
Постојат во државата места каде не важат никакви закони, каде никој не доаѓа, нити инспектор нити било кој друг. Каде несметано се девастира живеалиште на многу животински и растителни врсти, специфични за овој предел“-се вели во реакцијата на еколошкото здружение.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Да се повлече законот за основно образование
-
МВР ги претставува резултатите од сработеното
-
Гаши ги понижи албанците
-
Реформи во јавната администрација
-
Преглед на вестите од свет
-
Синдикатите и работодавачите со различни ставови за „недела неработен ден“
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија и труд