Македонија
27. July 2015 - 16:31

На Македонија и престои опасност од мигрантите, за еден месец од сега, се очекуваат по 5.000 на ден

Стратегија и за подобро но из а полошо сценарио со наливот на мигранти во земјава има националното координативно тело за справување со кризата.

По најавата во јавноста за можен голем бран илегални мигранти од Сирија  да дојде во во земјава а дневниот број бегалци да достигне и до 10.000 илјади, надлежните смируваат- потенцијална закана постои но институциите се подготвени.

Од средината на јуни кога на сила стапија измените на законот за азил, регистриранис е вкупно 20.000 лица главно од Сирија но и од Авганистан и Пакистан.

Од нив само 41 лице побарало азил во макеоднија.

Обврска на надлежните не е само безбедносниот аспект туку и хуманитарниот. Здравствена заштита до сега им е пружена на вкупно 265 мигранти.

Дневниот просек на мигранти кои транзитираат низ Макеоднија се движи околу 500тини. Неодамна снимено видео покажа дека мигрантите кои влегуваат преку Грција имаат логистика и од грчки власти кои наместо да им пружат помош организирано ги превезуваат до амкеоднската граница, изнемоштени и гладни.