На летниот камп по веронаука гости деца од Домот „11 Октомври“
Во рамки на последните два летни кампа по веронаука, во македонското древно светилиште Бигорскиот манастир и неговиот метох „Свети Георгиј Победоносец“ во Рајчица манастирски гости се штитеници од Домот за деца без родители „11 Октомври“ од Скопје.
Првата група од триесеттина деца кои изминатите пет дена беа гости на осмиот летен камп, заминаа за Скопје.
- Љубовта на Таткото Небесен ги исполни срцата на овие дечиња. Татковска љубов Божја можеби никој не ја почувствувал толку силно, како оние кои суровите животни околности ги лишиле од топлата родителска љубов. Овие денови тоа и на дело се покажа. Нашите две Обители се радуваа со топлата и искрена радост на децата од Домот за деца без родители „11 Октомври“. Имајќи Го Бога за свој Татко и чувствувајќи ја Пресветата Богородица како своја нежна мајка, тие доживеаја целосна духовна преродба и преобразба во Христовата љубов, велат сестрите од Раичкиот манастир.
Игуменот на Бигорскиот манстир, Архимандрит Партениј со несебична грижа и безусловна љубов ги прими овие деца во манастирските прегратки.
Со посебна љубов и топлина денеска беа пречекани уште триесеттина деца од истата установа кои се дел од деветтиот и последен летен камп по веронаука.
Ново на Сител
-
Од понеделник на над 6 илјади службени возила ќе им се ставаат црвени регистрации
-
Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-
Судење за екс директорот на затворот во Шутка, Филип Андов
-
Му пишале казна бидејќи фрлил ѓубре до контејнер, а контејнерот бил преполн со смет
-
Влада: Успешно завршени три од осум арбитражни постапки
-
Синдикалната кошница во август 65.500 денари, најмногу поскапела храната
-
Влада: ДУИ кога е на власт работи на еден начин, а во опозиција бара нешто друго за она што го направиле во минатото
-
Само 1.916 пријавени службени возила од 6.500 - институциите не ги пријавиле сите во рокот