На летниот камп „Ја сакам Македонија“ и Македончиња од Голо Брдо
На годинешниот летен камп „Ја сакам Македонија“ меѓу учениците Македонци од соседните земји и од дијаспората, учествуваа и пет од областа Голо Брдо, Албанија.
- Македончиња од Голо Брдо редовно секоја година учествуваат на овој камп.Многу сме благодарни на нашата матична земја што никогаш не не заборава. За децата ова е навистина настан од исклучително значење. Децата се чувствуваа одлично, беа воодушевени од градот, а воспоставија нови познанства со Македончиња од други земји, вели за МИА Или Халилај, претседател на огранокот на македонското друштво „Илинден“ за Голо Брдо.
Според Халилај, ваквите кампови се за поздравување зашто децата Македонци по род кои живеат во разни држави се дружат и подобро се запознаваат.
Во изминатите пет летни кампови учествувале педесеттина Македончиња од оваа област.
Летниот камп „Ја сакам Македонија„ се одржува под покровителство на Владата на Република Македонија, а го организира Министерството за надворешни работи.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228