Балкан
14. December 2016 - 14:03

На Лаезбос 48 нови бегалци и мигранти

И покрај лошите временски услови, со температури околу нулата, на грчкиот остров Лезбос вчера пристигнале 48 бегалци и мигранти.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, на Хиос и Самос не се регистрирани нови пристигнувања.

На островите во северниот дел на Егејското море денеска има вкупно 11.299 мигранти и бегалци, кои имаат поднесено барања за азил што се уште не се разгледани.