На Криволак почна меѓународната вежба „Здружена реакција – 17“
Во Центарот за поддршка на обуката „Пепелиште“ и Армискиот полигон „Криволак“ денеска почна воено теренската меѓународна вежба „Здружена реакција – 17“ на која покрај припадници на АРМ од составот на баталјонот на воената полиција, учествуваат единици на воена полиција на армиите на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и од националните гарди на Вермонт и Минесота, САД.
Целта на вежбата, што ќе трае до 29 септември, е преку заедничко извршување на поставените задачи да се промовира соработката на воено полициските капацитети во рамките на А5 иницијативата, споделување на стекнатите вештини и искуства, како и интероперабилност во постапките на припадниците од армиите учеснички.
Вежбата, информираат од Министерството за одбрана, за отворена ја прогласи командантот на Здружената оперативна команда, бригаден генерал Зоран Милески, кој во своето обраќање порача дека основата на оваа здружена вежба се темели на заедничката способност за взаемна и отворена соработка, која преку споделување на знаењата ќе овозможи зголемување на взаемното разбирање и доверба.
Директорот на вежбата, полковник Блаже Николовски, во својот говор истакна дека вежбата претставува одлична можност за изведување колективна обука на воено полициските единици согласно НАТО процедурите, но и за усовршување во штабните процеси на единиците.
На вежбата, која е во организација на АРМ, и претходеа неколкумесечни индивидуални и колективни подготовки со цел да се изврши обука и извежбување на воено полициските единици во разни ситуации.
Според најавите од Министерството, веднаш по завршување на оваа воена вежба, во периодот од 2 до 6 октомври на Криволак ќе се реализира и теренската вежба ,,Македонски Блесок - 13“ на која ќе се изврши НАТО реоценување Ниво 2 на средна пешадиска баталјонска група (спбг) и оценување на лесна маневарска болница со улога -2 (лмб у-2), како и НАТО оценување Ниво 2 на ренџерска чета (рч),согласно Концептот за оперативни способности на НАТО.
Ново на Сител
-
Роналдо на врвот на листата на најплатени спортисти во 2024 година во изборот на Спортико
-
Шефот на НАТО: На Украина никогаш не и било ветено членство
-
Зеленски: Нема да прифатиме договори меѓу САД и Русија без учество на Украина
-
Кривична против две лица од Скопје, обид за убиство
-
Кривична против сопственик на угостителски објект во Струга, сомнение за кражба на електрична енергија
-
15-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Бојкотите продолжуваат: Драматично зголемување на цените на храната во ЕУ и Западен Балкан
-
Шолц: Нема милост за уапсениот за нападот во Минхен, тој мора да ја напушти земјата