На Крит пронајдени можни делови од исчезнатиот египетски авион
Тимот на египетскиот авион кој учествува во потрагата по авионот од компанијата „Иџипт Ер“, кој доцна синоќа исчезна од радарот над Средоземното Море, забележала во морето два портокалови предмети за кои се верува дека припаѓаат на исчезнатото летало, изјави неименуван претставник на грчката војска.
Тој наведе дека предметите се здогледани на 230 милји јужно-југоисточно од грчкиот остров Крит, на подрачјето кое е под надлежност на египетската контрола на лет, јавува Танјуг.
Претходно, извори од грчкото Министерство за одбрана наведоа дека пронашле два големи пластични предмети на површината на водата, на 230 милји јужно од Крит.
Имено, станува збор за два пластични предмети со црвена и бела боја.
Предметите се забележано во близина на подрачјето каде претходно е забележан сигнал на Транспондер, електронски уред во авионот кој емитува сигнали за помош кои можат да ја откријат локацијата на леталото.
Авионот на египетската компанија „Иџепт Ер“ со 66 патници и членови на екипажот леташе на линијата Париз-Каиро кога доцна синоќа исчезна од радарод над Средоземното Море.
Ново на Сител
-
Баро: Путин е пречка за мирот, потребни се нови санкции против Русија
-
Баерн подготвува емотивно збогување со ветеранот Милер
-
Путин и Трамп разменија честитки по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија
-
Во Москва средба Вучиќ - Си Џинпинг
-
Бискупот Стојанов упати честитки до папата Лав Четиринаесетти
-
Потребна е итна санација на патот во Галичник
-
Затворени пет бензински пумпи во Солун и во Атина поради измами со гориво
-
В недела посебен режим на сообраќај во Скопје