Балкан
19. May 2018 - 10:20

На крајот на школувањето основците го запалија училиштето: Маваа со пиротехника, пламна фасадата

Дел од фасадата на зградата на Основното училиште „Владо Милиќ“ во подгоричката населба Доња Горица изгоре откако учениците ја гаѓале со запалени бакљи и петарди.

Можни поголеми инциденти спречи полицијата, која дојде на повик на управата на училиштето чии членови, заклучени во зградата,  набљудуваа како учениците ја „бомбардираат“ фасадата на  зградата и влезот. Директорната Билјана Ќулафиќ пријави во полиција дека повеќе завршени основци и постари момчиња, но и неколку 13-годишници, учествувале во опсасата, но бидејќи се малолетни не подлежат на кривична одговорност.

Од управата рекоа дека полуматурантите и помал број ученици од нижите одделенија го прославија крајот на школската година со палење на бакљи на полигонот.

Во училиштето тврдат дека меѓу напаѓачите имало и деца кои не се нивни ученици. Проблемот настанал кога група ученици со бакли и петарди тргнале кон децата кои биле на влезот на училиштето и наставниците кои гледале што се случува

После тоа, тврдат дека се затвориле во училиштето, од каде повикале полиција и гледале што се случвуа надвор, стравувајќи некој да не се повреди. Во тој момент некој фрлил бакља на симсот над влезот и пламен ја зафатил новата фасада.

Од управата на училиштето предупредија дека децата не можеле сами да си купат скапи пиротехнички средства.